Осум лица загинаа во бомбашки напад врз возило на началник на едно неталибанско село во Пакистан, соопшти полицијата.
Високиот полициски службеник во областа Свату, Саид Кан, рече дека убиениот шеф на мировниот комитет на селото, Идриз Кан, бил во обиколка на областа кога експлодирала бомба покрај патот и го погодила возилото.
Саид Кан додаде дека првичните извештаи укажуваат дека во нападот загинале пет лица, но подоцна било потврдено дека станува збор за осум лица, меѓу кои и двајца полицајци.