183
Најмалку осум лица загинаа, а седум се повредени во пожар во изложбен салон за електрични скутери во Индија, соопшти денеска полицијата, пренесува „Ројтерс“.
Пожарот избувна вчера во подрум на изложбен хотел во јужниот индиски град Секундерабад.
Прелиминарната истрага покажала дека причина за пожарот е неисправна батерија.
Бројните пожари на електрични скутери годинава во Индија го привлекоа вниманието на властите, кои ја промовираат нивната употреба бидејќи не ја загадуваат животната средина.