Осум македонски бизнисмени се најдоа на листата на 100 најбогати од регионот за 2025 година.
Како што пренесува „Бизнис инфо“, најдобро котира првиот човек на фармацевтскиот гигант Алкалоид, Живко Мукаетов, (892 милиони евра) кој е на 31-то место. На 48- мо место е Илија Гечев, сопственикот на компанијата ИГМ трејд (677 милиони евра), а веднаш по него е Андреја Јосифовски, првиот човек на нафтениот гигнат во земјава Макпетрол (662 милиони евра).
И на најновата листа на 100-те најбогати во регионот доминираат традиционалните бизниси. Најмногу пари се заработуваат во трговијата и дистрибуцијата, земјоделството/аграр и градежништвото/недвижностите. Но, исто така и во игрите на среќа.
Повеќе можете да прочитате на следниот ЛИНК.