Осум месеци затвор доби кавадарчанецот З.Б., кој преку социјални мрежу му се закануваше на градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев, потврдија за МИА од Основниот суд во Кавадарци.
-Основен суд Кавадарци известува дека денеска, 22.09.2022 година, по одржаната главна јавна и усна расправа по Кривичниот предмет К.бр.191/22 кон обвинетиот З.Б. од Кавадарци за кривично дело Загрозување на сигурноста од член 144 став 4 од КЗ, судот донесе пресуда со која обвинетиот го огласи за виновен и му изрече казна затвор во траење од 8 месеци, се вели во известувањето.
Лицето, преку коментар на социјалната мрежа Фејсбук, упатил закана кон актуелниот градоначалник на Кавадарци дека „нема да умре од болест или старост“.
Осомниченото лице претходно е осудувано за повеќе кривични дела за закани кон градоначалникот и неговото семејство. Обвинителството на 22 август соопшти дека по предлог на надлежниот јавен обвинител, судијата на претходна постапка му определил мерка куќен притвор во траење од осум дена на оосомничениот.