Американската пејачка Бијонсе освои осум МТВ награди, вклучувајќи ја и наградата за видео на годината, со што, според американските медиуми, ја потврди доминацијата на музичката сцена.
На доделувањето на МТВ видео музичките награди во Медисон Сквер Гарден во Њујорк, Бијонсе одржа мини-концерт изведувајќи пет песни од својот најнов албум „Limonade”.
Таа ја доби наградата за видео на годината за песната „Formation”, која се смета за нејзина политички најангажирана песна и во која таа ја изразува својата солидарност со движењето „Black Lives Mater“ (Животите на црнците се важни)
Меѓу добитниците на наградите се и Ријана и Калвин Харис.