Осум навики за здрав живот – придржувајте се до нив доследно

од Stefanija Kuzmanovska

За да имате здрав начин на живот, важно е да вовдете здрави навики во вашата дневна рутина и да се придржувате до нив доследно. Таквиот стил, меѓу другото, вклучува балансирана и здрава исхрана и доволно физичка активност.

Од одржување на хидратација до редовно вежбање, овие навики може да не покажат моментални резултати, но со текот на времето тие ќе влијаат на вашата благосостојба:

1. Јадете здраво
Изберете свежи и домашни прехранбени производи. Колку што можете повеќе, избегнувајте каква било преработена храна. Таа често содржи многу маснотии и малку хранливи материи. Одржувајте балансирана исхрана.

2. Пијте доволно течности
Пијте многу течности. Водата помага при слабеење, а исто така ѝ помага на кожата да не биде сува.

3. Со јога против стресот
Вклучете часови по јога и медитација за време на вашиот напорен ден. Јогата и медитацијата можат да помогнат во борбата против стресот и непотребните мисли.

4. Вежбајте
Физичката благосостојба е исто толку важна како и вашата ментална благосостојба. Една од главните причини за болести и мачнини е стресот што доведува до вознемиреност и депресија. Вежбањето е научно докажан начин за ослободување на притисок и напнатост.

5. Седнете на подот
Повремено седнете на подот, наместо да ја користите трпезариската маса за време на оброкот. Седењето со скрстени нозе ви помага при варењето.

6. Мијте ги рацете
Едно нешто што нè научи 2020 година беше да ги миеме рацете темелно и редовно, особено пред оброците.

7. Користете глинени садови за готвење
За готвење користете садови од глина или железо. Во руралните делови на Индија, луѓето продолжуваат да готват храна во глинени садови, бидејќи тоа овозможува одржување на сите хранливи материи.

8. Не заборавајте на придобивките од туширањето
Туширањето наутро не само што ве буди и подготвува за денот, туку исто така ја зголемува силата, сјајот и дава долговечност. Брзото туширање навечер пред спиење е одличен начин да се опуштите и да ја измиете „нечистотијата“ на денот . Исто така е стимуланс за добар сон, пишува Yahoo.

Слични содржини