Осум училишта во Карпош ќе почнат со греење на 1.ноември заради заштеда

од Nikola Popovski
25 прегледи

Грејната сезона започнува утре, а ЕСМ ги повикува граѓаните и компаниите да ги подготват своите системи за греење. Додека некои училишта и градинки се веќе спремни, Општина Карпош ќе го одложи стартот поради умерените температури.

Осум училишта во Карпош ќе почнат со греење на 1-ви ноември заради заштеда.

Од ЕСМ информираат дека на барање на општината, испораката на топлинска енергија ќе биде одложена.

„На барање на Општина Карпош испораката на топлинска енергија нема да започне на 15-ти октомври, туку од 1-ви ноември за сите основни општински училишта на територија на општината што ги користат услугите на „ЕСМ Снабдување со топлина“, истакнуваат од ЕСМ.

Од ЕСМ велат дека во дел од објектите сè уште има дефекти во внатрешната инсталација, нема пристап до топлинските станици или топлинските станици немаат електрично напојување.

Грејната сезона вообичаено почнува на 15 октомври, но не пред 1 октомври доколку средната надворешна прогнозирана температура е еднаква или пониска од 12 Целзиусови степени.

Слични содржини