Осум здравствени работници на суд поради смртта на Марадона

од Nikola Popovski
184 прегледи

Против осум здравствени работници во Аргентина ќе биде покрената тужба за убиство од небрежност поради смртта на фудбалската легенда Диего Армандо Марадона, соопшти денеска тамошниот суд.

На крајот од истрагата за смртта на Марадона, одлучено е да се покрене судска постапка против здравствените работници кои се грижеа за Марадона, пред тој на 60-годишна возраст да доживее срцев удар, од кој што подоцна почина.

Судијата Сан Исидра ја прифати тужбата против матичниот семеен лекар, неврохирург, психијатар, менаџер за медицинси сестри и болничар.

Обвинителството во април побара да се покрене судски процес, укажувајќи на недостатоци и негрижа во згрижувањето на фудбалската легенда, која закрепнуваше дома.

Слични содржини