Осумдесетиот роденден на филмската легенда: Чак Норис е посилен и од годините

282 прегледи

Тој 10 март 1940 година, жителите на Рајан, место во Оклахома, не биле ни свесен каков човек се родил во нивното место на живеење. Тоа бил Карос Реј Чак Норис. Таткото на Реј бил алкохоличар и често бегал од домот. Него и неговите два помали браќа ги одгледала нивната мајка Вилма. Биле сиромашни, а Чак бил неталентиран за спорт и многу срамежлив.

– Ништо во животот не ми беше лесно, за се морав да се борам и да се мачам – рекол актерот и мајстор за боречки вештини.

Норис во 1958 година се придружил на Воените воздухопловни сили на САД. Бил пратен во база близу Јужна Кореја, каде започнал да тренира Тан Соо До, корејска боречка вештина. По враќањето во америка во 1962 година, отворил неколку карате училишта. Бил шест пати светски првак во карате, а во 1972 го запознал Брус Ли, на кого му бил непријател во филмот „Way of the Dragon“.

Вредниот Чак после тоа се запишал на часови по глума. Најмногу го обележа улогата на Кордел Валкер во серијата „Валкер, тексашки ренцер“. Серијата се прикажувала осум години, а актерот, покрај светската слва, добивал и шеги на сметка на својата сила и непобедливост.

– Не ми пречат шегите, некои и мене навистина ме засмејуваат – рекол Чак во една прилика.

Слични содржини