22
Осумдневен притвор му е одреден на млад скопјанец, кој се обидел да запали знаме.
– Единицата за насилен криминал при СВР – Скопје поднесе кривична пријава против К.К., на возраст од 20 години, поради сторено кривично дело по член 319 од КЗ. Синоќа во 23:10 часот, на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници го лишиле од слобода К.К., кој бил затекнат при обид со запалка да запали знаме. Знамето и запалката биле одземени, а тој бил задржан во полициска станица. Против него е поднесена кривична пријава по брза постапка. Од судија на претходна постапка одредена му била мерка притвор од осум дена, информираат од МВР.