Осуммина ранети при руски напад на зграда во Киев, полски воени авиони патролираа

од desk2
26 прегледи

Осум души се повредени ноќеска во нов руски напад со дронови и ракети во Киев, главниот град на Украина. Погодена е станбена зграда. Четиримина од ранетите се во болница, соопшти на Телеграм началникот на воената администрација на Киев, Тимур Ткаченко.

Воздушна тревога во текот на ноќта имаше и во поголемиот дел од Украина. Поради стравувањето од ракетни удари во Западна Украина, неколку авиони на военото воздухопловство на Полска полетаа во состојба на готовност за да ја заштитат безбедноста на небото над Полска.

Нападнат бил и централниот украински град Кропивницки, при што се нанесени низа штети. Уште нема целосна проценка за сите последици од рускиот напад.