450
Новиот селектор на македонската ракометна репрезентација Кирил ЛАзаров го објави поширокиот список на играчи за двата дуели со Данска во рамките од квалификациите за ЕП 2022 година.
На списокот се наоѓаат и осум играчи од Вардар1961: Марко Кизиќ, Димитар Димитриоски, Гоце Георгиевски, Томислав Јагуриновски, Стојанче Стоилов, Филип Талески, Марко Мишевски и Мартин Карапалевски.
Во стручниот штаб на репрезентацијата се наоѓаат Филип Миркуловски, Бранислав Ангеловски, Ацо Јоноски и Билјана Црвенковска.
Третиот натпревар во квалификациската групна фаза сениорите ќе го одиграат на 11.03.2021 (четврток) против репрезентацијата на Данска во СЦ “Борис Трајковски”.
Четвртот натпревар ќе се одигра во Алборг, Данска на 14.03.2021 (недела).