Синдикатот во подготовки за првомајскиот протест. Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов најави дека работниците на 1. мај излегуваат на протест и ќе бараат зголемување на платите и на минималната плата.
Покрај вработените во културата, и во други министерства и институции, вработените немаат земено плата за месец март. Ова денеска го соопштија од ССМ. Според Трендафилов, неговите податоци велат дека истиот проблем го имаат и вработените во Министерството за економија, Државниот пазарен инспекторат, во дел од јавните обвинителства низ државата, во Водостопанство…
– Дури и Државниот инспекторат за труд ја нема исплатено платата. Тоа е голем број после велигденските празници. Работниците имаат право на тужби врз основа на колективните договори, но нас не загрижува е што некој свесно сака да предизвика крах на државниот буџет преку тужбите од страна на адвокатски канцеларии и адвокати кои потоа за адвокатски тарифи би зеле огромни адвокатски трошоци, рече Трендафилов и додаде:
-Ако не ви исплатат плата не е доволен мотив за да не поддржите или сами да се поддржите, тогаш не знам што е поголем мотив за работниците во Македонија.