„Освестете се и прекинете со партиите“: Тивок марш во Кочани

од Nikola Popovski
186 прегледи

Денеска се одржа тивок марш во Кочани во чест на жртвите во ужасниот пожар. Маршираа голем број на луѓе кои не разговараа ниту меѓу себе. Без транспаренти и тивко, колоната граѓани помина по улиците во централното градско подрачје и стигна пред зградата на Општина Кочани.

Со мотото „Молкот зборува најгласно“, стоејќи мирно, учесниците на маршот испратија симболична порака дека бараат одговорност за трагедијата којашто уништи неколку генерации млади луѓе.

-Koчани е мртов град, но барем да не им се случи истото на останатите градови. Освестете се, прекинете со тие партии. Да почнеме да создаваме нормално општество. Оваа држава има прекрасни луѓе, половина се во странство, а половина се во дупките скриени. Дај да направиме револуција на мозокот и душата. Не сакаме да мешаме партии. И во ДУИ и во ВЛЕН има прекрасни луѓе. Што треба полошо од ова да ни се случи? Ништо немаме веќе, изјавил еден од граѓаните кои марширале.

Учесниците на маршот се разотидоа мирно и најавија дека ќе продолжат со собирите и барањата за институционално решавање на трагедијата во Кочани.

Koчанскиот основен суд вчера им одредил притвор од 30 дена на тројцата поранешни градоначалници на Кочани. Притвор им е одреден на Љупчо Папазов, кој пред неколку дена поднесе неотповиклива оставка, како и на поранешните градоначалници Николчо Илијев и Ратко Димитровски. Со тоа, бројката на лицата на кои им е одреден притвор од 30 дена изнесува 24.

Слични содржини