Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, нареди сите фабрики чии работници излегоа на штрајк незадоволни од резултатите од претседателските избори, да бидат затворени од понеделник.
„Побарав од гувернерот и раководителите на извршните одбори да не ги присилуваат оние што не сакаат да работат. Нема да можеме да ги присилиме и убедиме “, рече Лукашенко на митингот во Гродно.
Тој додаде дека земјата ќе го преживее ова, пренесува ТАСС.
„Но, ако некоја компанија не работи, ќе ставиме катанец на вратата во понеделник. Луѓето ќе се смират и ќе решиме кого ќе поканиме во компанијата“, рече Лукашенко.
По неодамнешните избори на кои победи Лукашенко, а кои опозицијата не ги признава, во Белорусија се одржуваат секојдневни протести, а работниците од многу фабрики излегоа на штрајк.