Осветлување со огномет: Мерко го претстави „синиот“ Црн Дрим (ВИДЕО)

од Nikola Popovski
372 прегледи

Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко синоќа со свечен настан го пушти во употреба осветлувањето во сина боја на реката Црн Дрим. Настанот изобилувал со спектакуларен огномет, пренос во живо и снимки од дронови.

Кога Мерко го стисна тастерот за вклучување на огнометот, од страна доби аплаузи од неговите поддржувачи. Претходно тој одржа и говор.

Ваквиот потег предизвика бурни реакции во јавноста, а некои предупредуваат дека осветлувањето на реката го менува циркадијалниот на живиот свет во водата.

„Естетски ова е одвратно. Еден значаен речен екосистем личи на базен во хотел во Саранда, од каде е и инспирано ова. Осветлувањето на речните води, го менува циркадијалниот ритам на живиот свет (се губи чуството за ден и ноќ). Дополнителното осветлување го зголемува или изменува циклусот на раст на водните алги, што влијае врз квалитетот на водата во реката. Светлината го нарушува животот на рибите особено чуство за ориентација, комуникација и растење. Осветлувањето ја зголемува температурата на реката. Загадувањето со светлина значително го намалува живиот свет во градските средини, со што го спречува нивното хранење, размножување и движење. Да повторам – ружно е и непотребно“, напиша екологотот и професорот по биологија, Кирил Пржо.

Според достапните податоци од Бирото за јавни набавки договорот за осветлување на речното корито бил склучен во април и за тоа се потрошени 110 илјади евра.

Слични содржини