Трансжените не се жени. Не можете да го смените нашиот светоглед. Не можете да ме натерате да прифатам и да прогласам дека некоја е жена ако има машки гениталии. Тоа значи и да прифатам дека биолошки мажи можат да раѓаат?, изјави вчера отец Јаков Стобиски од Струмичката епархија на МПЦ-ОА, говорејќи на темата за законските предлози за трансродовите лица.
Според него, се манипулира со зборовите.
-Еве на пример: промена на полот. Тоа е глупост, не можете да промените пол. Ова тие што го нарекуваат промена на пол е „make up“ и исклучително лош. Вие не можете ако сте биолошка жена, да станете маж, само заради двојната васектомија. Во суштина вие останувате жена на ниво на вашата ДНК и хромозомите. Не можеме да го негираме биолошкиот аспект, вели отец Стобиски во емисијата „Детектор“.
Тој истакна дека родовата дисфорија е патолошка состојба и се смета за медицинска состојба.
-Тоа што некој не го смета за растројство е друг проблем, но факт е дека на овие лица треба да им се помогне. До 2007 година родовата дисфорија како дијагноза е исклучитено ретка и се дијагностицирала кај машката популација на 15.000 момчиња, само едно момче било дијагностицирано. Од 2007 година навака за 4.000% е зголемен тој тренд. Во било која гранка на медицината, таква експлозија, таква епидемија на трансџендеризам би ги вклучила сите аларми, додаде отецот.