Отец Пимен: Ако науми државата да донесе некој закон, ќе најде начин тоа да го стори. Треба ли да не кажеме свое мислење?

од Vladimir Zorba
302 прегледи

„Демократијата ете за сѐ имала решение. Маргинализиран си. Отвораш невладина и добиваш право на црквата да и одредуваш место на маргините на општеството. Ти имаш право на мислење и слобода а верникот нема. Без гајле, знаеме ние кај ни е местото. Знаеме дека нашата власт не е извршна и дека ако науми државата да донесе некој закон ќе најде начин тоа да го стори. И треба ли да премолчиме, да не кажеме наше мислење?“, сподели на својот ФБ профил Отец Пимен, а во врска со последните случувања околу носењето на предлог-Законите за родова еднаквост и матична евиденција.

„А знаат ли тие на другата страна дека никој не им дал такво право да ни забрануваат да кажеме свој став?

Црквата векови прогон и убивања претрпела од цареви земни силни и режими. И не замолчувала. И денес не замолчува.

Ќе одолее и на притисокот на неколку невладини и владини невладини организации. Ќе го изнесе својот став и тоа преку љубов, не со омраза.

Се гледаме во четврток“, напиша Отец Пимен.

Слични содржини