Отфрлен изборот на Аднан Биљаљи за претседател на Советот на општина Тетово

од desk4
76 прегледи

Општинската администрација во Тетово утврдила дека изборот на Аднан Биљаљи за претседател на Советот не е во согласност со член 47 став 2 од Законот за локална самоуправа и член 19 став 1 од Деловникот за работа на Советот на Општина Тетово.

Тие наведуваат дека поради тоа се уште нема избрано претседател на Советот.

Биљали од ДПА денеска доби поддршка од 15 советници – на ДУИ, ДПА, СДСМ и ДПТ додека против беа девет – од Беса и Алијансата за Албанците. Петте советнициод ВМРО-ДПМНЕ, пак, ја напуштија седницата.

Во Советот на општина Тетово има вкупно 31 советник, а во овој состав мандатите им се верифицирани на 30 советници.