Отфрлена уште една кривична пријава поднесена против Северина

од Stefanija Kuzmanovska

Откако беше отфрлена кривичната пријава против пејачката Северина Којиќ поради наводни закани на директор на училиште, отфрлена беше и онаа за повреда на правата на детето, пишува „24сата.хр“.

Имено, како што е наведено од канцеларијата на државното правобранителство на Хрватска, „во постапките на мајката, не се реализирани карактеристики на какво било кривично дело за кое се презема гонење по службена должност“.

Да потсетиме, во средината на мај минатата година беше објавено дека пејачката Северина Којиќ поминала два часа на распит во VII. полициска станица Тресњевка поради пријава поднесена против неа од страна на директорката на основното училиште „Матија Губец“, Лиjана Клингер, поради наводите дека ѝ се заканувала на 10 март 2020 година.

Сепак, пријавата која Лиjана го поднесе против Северина исто така беше отфрлена пред неколку дена.

Слични содржини