Отфрлено обвинението против американскиот лекар што уништуваше вакцини против ковид и даваше физиолошки раствор

од desk2
6 прегледи

Државната обвинителка на САД наредила отфрлање на обвинението против лекарот обвинет за уништување вакцини против Ковид-19 во вкупна вредност од 28 000 долари, потоа за издавање лажни потврди за вакцинираност и давање физиолошки раствор наместо вакцина на деца.

Пам Бонди нагласува дека лекарот Мајкл Кирк Мур Јуниор „им дал на своите пациенти избор кога сојузната влада одбила да го стори тоа“. Министерството за правда против Мур подигна обвинение во текот на мандатот на претседателот Џо Бајден во 2023 година.

Пластичниот хирург веќе беше на суд во сојузната држава Јута, каде по сите обвиненија се произнесе како невин, вклучително и по обвинението за заговор за измама на САД. В.Д. Државниот обвинител за Јута, Фелис Џон Вити, во саботата поднесе барање за отфрлање на обвиненијата, нагласувајќи дека тоа е „во интерес на правдата“.

Др. Мур е обвинет за издавање повеќе од 1 900 лажни потврди, соопшти американското државно обвинителство во Јута во 2023 година. Владата претходно го обвини за давање физиолошки раствор наместо вакцини на деца – на барање на нивните родители – за децата да мислат дека добиваат вакцини против Ковид-19.

Државната обвинителка Бонди на Х напиша дека наредила на Министерството за правда да се откаже од тужбата, бидејќи „Мур не заслужува да помине години во затвор“. Таа вели дека на случајот вниманието ѝ го обрнале двајца пратеници во Конгресот: претставничката Марџори Тејлор Грин и сенаторот Мајк Ли, обајцата републиканци.

Ли ѝ се заблагодарил на државната обвинителка што „застана со безброј Американци што претрпеа премногу службени лаги, наредби и карантини во текот на Ковид“.

На Мур и на останатите обвинети им се закануваа до 35 години затвор, по повеќе обвиненија.

Слични содржини