357
Во понеделникот се одржа венчавката и свадбената веселба на Ѓорша Ѓоковиќ и неговата поубава половина Сашка Веселинов, а според очекувањата главна ѕвезда бил неговиот брат Новак.
Најпрво по венчавката во црквата Свети Марко во Белград, тенисерот ги „накитил“ трубачите кои ги пречекале, а потоа направил шоу на самата свадба.
Во еден момент го земал микрофонот во раце и почнал да пее пред присутните.
Веднаш почнал да добива бакшиш, а првите пари ги добил од пејачот Саша Ковачевиќ, по што брзо ги ставил во џеб.
Еден од корисниците на социјалните мрежи оставил духовит коментар под објавеното видео: „Отиде Ноле во Ѕвездите на Гранд“.
View this post on Instagram