„Отиде во Пекинг за да моли“: Северна Кореја ја оцени посетата на Блинкен на Кина

од Stefanija Kuzmanovska
295 прегледи

Северна Кореја денеска објави дека американскиот државен секретар Ентони Блинкен отишол во Пекинг за да „моли“ за смирување на тензиите, по, како што оцени Пјонгјанг, неуспешната политика за притисок врз Кина, пренесе „Ројтерс“.

Блинкен и кинескиот претседател Си Џинпинг се состанаа во понеделникот и се договорија да го стабилизираат ривалството за да не ескалира во конфликт.

Блинкен по состанокот со кинескиот врв рече дека апелирал до Пекинг да влијае врз Северна Кореја да престане да тестира ракети, велејќи дека Пекинг е во „уникатна позиција“ да изврши притисок врз Пјонгјанг да учествува во дијалогот.

Во коментарите за новинската агенција KCNA, Џонг Јонг Хак, кој се опиша себеси како аналитичар за меѓународни односи, рече дека ретката посета има за цел да ги смири тензиите, додека, во исто време, „обидот за притисок и задржување на Кина може да се врати како бумеранг и да зададе фатален удар на американската економија“.

Слични содржини