Чекајќи  го големото ДА или НЕ, сериозни и големи политички пазарења на политичката сцена помеѓу сите партии големи и мали да се биде на едната или другата страна, дознава Локално од партиски извори на двете страни.мкд знаме

Власта се пребројува со сите околу себе, од челниците, раководството, до коалицијата,  до секој пратеник кој може да значи мнозинство за гласање во парламентот. Тоа сега е особено важно, дали и натаму ќе ги има. На сè тоа притиска Никола Груевски по престојот на Али Ахмети во  амбасадорската глува соба. Изгледа се губи мнозинството во парламентот. Никола Груевски одби да седне да слуша и преговара со останатите од големата четворка, денеска  и сè уште го убедуваат да седне и да разговара, и да го прифати соопштувањето на одлуката на САД и ЕУ за проценката да не(и)ма избори  на 24 април,  туку тогаш кога ќе се обезбедат целосни и кредибилни избори.

ВМРО ДПМНЕ ја прекинува соработката со посредникот Ван Хауте

Власта сега бара да влезе и во ДИК. Тие би правеле отворена јавна седница на која, замислете, во оваа тело  би им се придодале и партиски членови од власта и другите, за  да ги „опраеле“! Да влезе во сила  аргументот  ВИКАЈ- притискај !?  Големо е прашањето -па нели   работата на  ДИК е независна,  и не  ја диктираа партиите!?

Додека сите останати молчат,  и врие во партиите  ВМРО ДПМНЕ на прес официјално изјави дека не гледа зошто да не се одржат изборите на 24 април. Со други зборови тие не прифакаат одлагање. Сите останати мислат поинаку и СДСМ,  и ДУИ не откажува, ниту ДПА , ниту помалите парламентарни партии, ниту пак сега движењата -партии  во најава или  Албанците кои се со  Села, Острени и Беса – никој не е за избори на 24  април.

СДСМ порача дека власта мора да се соочи со реалноста и нема отстапување од фер услови за фер избори.

Сега на ред е меѓународната заедница да го соопшти своето, и не само да го соопшти туку и да има одговор како ќе го брани… Очигледно е дека тој став за владеачката ВМРО ДПМНЕ  е апсолутно неприфатлив. Исто како и олеснувачот Ванхауте од кога исто со соопштение денеска се откажаа дека не  го признаваат за преговарач освен за турист, на кого му го препорачуваат музејот на македонската борба.

Се шпекулира дека одлагањето за соопштувањето на ставот на гаранторите САД и ЕУ, било токму на барање на ВМРО ДПМНЕ, а  за тоа време барале од своите меѓународни партнери , лобисти, поддршка за смена или за помош како да се постапува натаму,  со став дека тие по секоја цена ќе оделе  на  избори на 24 април. Се шпекулира  и дека  во оваа вонредна состојба за власта и државата  Никола Груевски не бил задоволен од „мекоста“ на  премиерот Емил Димитриев и дека во овие неколку дена до распуштање на парламентот е можно тој да  бара да се именува Никола Тодоров кој беше опција и на самиот почеток , ама  се одложи  за да не земе уште сега сила поради тоа што сите го бројат  за можен  наследник на Никола Груевски.

Останува и натаму и по 50 часа да одбројуваме, за  само уште некој час,  веројатно,  до соопштувањето на одлуката на меѓународните гарантори САД и ЕУ, да има или не избори на 24 април. Се очекува американскиот амбасадор  да соопшти:  НЕМА услови, а избори да има откако ќе се прочисти избирачкиот список и средат колку-толку медиумите, и потоа прифати нов датум, од четирите партии потписници на договорот од Пржино.

Слични содржини