Откако доби „виза“ за еврозоната, во Бугарија инфлацијата скокна на 5,3% годишно, со покачување од 1,7% за еден месец

од desk2
3 прегледи

Откако доби „виза“ за еврозоната, во Бугарија инфлацијата скокна на 5,3% годишно, со покачување од 1,7% за еден месец – јули во однос на јули. Инаку, Бугарија пред повеќе од 2 месеци ја доби конечната „виза“ за еврозоната, поради исполнувањето на условите, меѓу кои беше и „зауздувањето на инфлацијата“ и стабилна макроекономска политика.

Месечната инфлација во Бугарија во јули била 1,7%, со што на годишно ниво, се искачи на 5,3%, соопшти денеска Националниот статистички институ на Бугарија.

Во јули во однос на јуни најголемо покачување на цените имало во категориите Разонода и култура (13,2%), Ресторани и хотели (2,4%), Комуникации (2,0%), Живеалишта, вода, електроенергија, гас и други горива (1,9). Намалување е регистрирано само во групата Облека и обувки (-3,4%).

Стоките во групата Прехранбени продукти и безалкохолни пијалоци поскапеле просечно за 0,2% за 1 месец.

Во групите Непрехранбени стоки и Услуги, НСИ регистрирало зголемување на цените на туристичките услуги – пакет-аранжмани и патувања (21,2%), меѓународни летови (15,9%), краткорочно престојување (13%).

Топлата вода поскачела за 5,7%, курирските услуги поскапеле 4,5%, струјата 2,6%, дизелот 2,5%, бензинот 95 за 1,9%.

Се покачиле и цените на козметичките и фризерски услуги, банкарски услуги, автошколи. Поради новите екотакси, за над 1% поскапуваат и телевизорите, правосмукалките, шпоретите и климатизерите.

Слични содржини