Откако излезе од затвор, се огласи српската пејачка Романа и откри каде се наоѓа

од Aleksandar Petrovski

Пејачката Романа Паниќ беше пуштена од затвор во Бризбејн вчера, 1 август, откако беше осудена на 12 месеци за грабеж на банкомат во овој град.

Како што се шпекулира, откако беше ослободена од затвор, пејачката заврши во центарот за мигранти, каде ќе биде сместена до нејзиното депортирање во Србија.

Сепак, таа објави на социјалната мрежа Инстаграм и покажа каде е откако е пуштена од затвор.

Пејачката се насмевнува додека шета низ луксузна хотелска соба, а со видеото имаше малку иронична порака за сите.

– Поздрав од имиграцискиот центар од Бризбејн – напиша пејачката.

За потсетување, Романа беше уапсена во Австралија кон крајот на јуни за време на туристички престој, заедно со Филип М. (40) за користење софистициран систем во кој се евидентирани луѓе кои користат банкомати, а потоа копираа податоци и банкарски картички.

Откако ја призна вината, пејачката беше осудена на 12 месеци затвор, со право на помилување по еден месец издржување на затворска казна.

Слични содржини