Откако ја прокоцка Лигата на шампионите, Гатузо доби отказ од Наполи

од Vladimir Zorba
299 прегледи

Наполи го држеше четвртото место во последните три кола, што им носи пласман во Лигата на шампионите, но со домашното реми во последното коло против Верона (1-1), неаполитанците останаа без најелитното натпреварување втора сезона по ред.

Тоа беше преголем товар на грбот на тренерот Џенаро Гатус (43), освојувачот на Купот на Италија минатата сезона, кому нема да му биде продолжен договорот. Ова го потврди претседателот Аурелио Де Лаурентис на крајот на сезоната кога никој од клубот не сакаше да застане пред камерите.

„Почитуван Рино, среќен сум што ги поминав последните две сезони со тебе. Ти благодарам за сработеното и ти посакувам многу успех каде и да одиш. Испраќам прегратки и на сопругата и децата“, напиша Де Лаурентис на Твитер.

Првиот човек на Наполи со тоа стави крај на шпекулациите во последните месеци во италијанските медиуми кои пишуваа дека тој ќе се повлече дури и ако клубот успее да избори место меѓу најдобрите четири.

Во Лигата на шампионите, заедно со шампионот Интер и претходно растеретената Аталанта, ќе одат и Милан и Јувентус, кој беше петти во последните три кола, но благодарение на грешката на Наполи и победата во Болоња, успеа да ја спаси сезоната.

Слични содржини