Отказ за американските војници кои нема да се вакцинираат против Ковид-19

од Nikola Popovski
279 прегледи

Американските војници кои не сакаат да се вакцинираат против Ковид-19 ќе бидат отпуштени од работа, соопшти денеска Командата на копнената армија, објаснувајќи дека тоа е неопходно за да се одржи борбената готовност.

Одлуката се однесува за војници, резервисти и питомци, освен за оние кои имаат потврда за лекарско ослободување од вакцинација, се наведува во соопштението, пренесува Хина.

Пентагон во август минатата година воведе задолжителна вакцинација за сите активни припадници на армијата.

Најголем дел од војниците примиле најмалку една доза од вакцината, а 79 од нив починале од последиците на коронавирусот.

Борбената готовност зависи од војниците кои можат да тренираат, патуваат, да се борат и да победуваат во војни, а невакцинираните војници се ризик за армијата и ја загрозуваат борбената готовност, изјави високиот воен претставник Кристин Вормут.

Другите гранки на војската, вклучително и воздухопловните сили, веќе почнаа да отпуштаат војници кои одбија да се вакцинираат.

Слични содржини