261
Најавениот биографски филм за легендарната Мадона е одложен до понатамошно известување, пишува Variety.
Како што се наведува, филмот кој го режираше самата пејачка повеќе не е во развој во компанијата Universal Pictures.
Приказната за судбината на филмот започна набрзо откако Мадона минатата недела ја објави Светската турнеја, а најавените концерти се распродадени во Њујорк, Париз, Лондон и други градови за краток временски период.
Изворите блиски до пејачката рекоа дека таа во моментов се фокусира на турнејата, но дека планира да направи филм за нејзиниот живот еден ден.
Мадона работеше на две нацрт сценарија кои опфаќаат периоди од нејзиниот креативен и приватен живот.
Џулија Гарнер требаше да се најде во улогата на Мадона.