Најголемиот фестивал на пиво во светот е откажан за оваа година, официјално е потврдено.
Причината за откажувањето е пандемијата на коронавирусот, а оваа вест ја објавија заеднички на прес-конференција на премиерот на Баварија, Маркус Содер и градоначалникот на Минхен, Дитер Рајтер.

Во заедничката изјава, двајцата велат дека ризикот по здравјето на луѓето е едноставно преголем за Октоберфест да се одржи.
„Станува збор за најголемиот и најубавиот фестивал во светот. Сепак, времињата се менуваат. Да се живее со корона значи да се живее внимателно. Прославите се најчувствителни”, рече Содер на прес-конференција.
Дури и градоначалникот на Минхен не молчеше.
„Ова е многу тажна вест за мене. Се чувствувам како неколку срца да ми чукаат во градите“, рече Ројтерс.
Сепак, датумот за фестивалот следната година е веќе одреден – Октоберфест 2021 ќе се одржи на 18 септември.