Откажана Парадата на гордоста поради пукањето во клубот во Осло

од Vladimir Zorba
191 прегледи

Организаторите на собирот на поддржувачите на ЛГБТ во Осло ја откажаа годишната што требаше да се одржи денеска, а тоа беше направено по совет на полицијата, по пукањето пред клуб, популарен во таа заедница, во кое двајца луѓе беа убиени.

Организаторите соопштија дека полицијата ги советувала да ја откажат и парадата и придружните настани.

„Осло Прајд затоа ги повикува сите што планирале да учествуваат или да ја гледаат парадата да не доаѓаат. Сите настани поврзани со Осло Прајд се откажани“, објавија организаторите на нивната Фејсбук страница.

Престрелката се случила пред бар во центарот на норвешката престолнина, која е популарна меѓу припадниците на ЛГБТ заедницата, изјавија очевидци.

Осомничениот за нападот е уапсен, а полицијата, како што соопшти, не верува дека било вмешано друго лице.

Слични содржини