Предвидената за четврток (утре) средба за мигрантите меѓу 11 земји од ЕУ е откажана поради нападот во Анкара, пренесе AFP.
Средбата требаше да се одржи во Брисел меѓу лидерите на 11 европски земји кои изразија желба да прифатат поголем број бегалци кои доаѓаат од Турција. Во разговорите требаше да учествува и турскиот премиер Ахмет Давутоглу, кој веќе изјави дека го откажал патувањето до Брисел.
Официјално: 28 загинати, 61 повреден во експлозијата во Анкара
Темата на средбата беше барањето од ОН распределба на бегалците, кои во моментов се наоѓаат во Турција, во земјите на ЕУ. Покрај тоа европските лидери требаше да разговараат за европската програма за распределувајkи ја на 160 илјади кандидати за азил кои се сместени во Италија и Грција.