Откажани девет, а пренасочени четири летови поради маглата на скопскиот аеродром

од Nikola Popovski
263 прегледи

Поради намалена видливост како резултат на густата магла во скопската котлина, на Скопскиот аеродром од 20 часот синоќа до девет часот изутрината се откажани девет лета, а четири се пренасочени. Од 9 часот натаму, авиосообраќајот на Меѓународниот Аеродром Скопје се одвива по регуларниот распоред и до 17 часот не очекуваме нарушувања, информира попладнево аеродромскиот концесионер „ТАВ Македонија“.

Од таму додаваат дека согласно правилата на авиопревозниците за вакви ситуации, тие им организираа превоз и хотелско сместување на патниците од овие летови.

-За сите натамошни информации во врска со откажаните летови, ги упатуваме патниците да се обратат кај својата авиокомпанија. Се упатуваат патниците да ја следат состојбата официјалната веб-страница (skp.airports.com.mk) во делот „Летоци“ (Заминувања/Пристигнувања) каде ќе се појават евентуални промени во распоредот на летови, истакнуваат од „ТАВ Македонија“.

Доколку им се потребни дополнителни информации, можат да се јават на шалтерот за информации, кој работи 24/7, на телефонскиот број +389 2 3148 333“, се вели во соопштението од ТАВ Македонија.

Слични содржини