Втор ден по ред на лондонскиот аеродром „Хитроу“ откажани се повеќе од 100 лета поради ниските температури.

Околу 115 летови се откажани на „Хитроу“, кој е втор по промет на патници во светот, и погодени се прекуокеански летови, но и регионални и линии кон Европа.
Ледениот бран или таканаречениот мал ѕвер ја зафати Британија вчера кога сличен број летови беа откажани на „Хитроу“.
Другите аеродроми ширум Британија се помалку погодени со лоши временски услови па функционираат наремено.
Поради силен снег откажана е прославата на рагби репрезентацијата на Ирска во Даблин по нивната победа над Англија.
Според метеоролозите, подобрување на временските учсови во Британија се очекуваат утре.