Откази за 15 високи полициски функционери, давале дозволи за оружје на луѓе кои законски немале право

од Milan1
45 прегледи

Комисијата за ревизија на постапките за издавање дозволи за оружје открила дека повеќе од 5.000 предмети не се обработени, а некои се решени спротивно на законот. Поради ова, Одделот за внатрешна контрола предложил дисциплински постапки, вклучувајќи откази за околу 15 високи полициски функционери од претходната власт, информираше министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Тошковски во интервју за Сител истакна дека во минатото оружје им било давано на лица кои не имале право на поседување, додека други, кои имале право, не успеале да ја завршат постапката. Тој најави и дигитализација на процесот за издавање дозволи.

„По насока на јавен обвинител, ќе бидат поднесени кривични пријави за оние за кои се утврдат елементи на кривично дело. Овие лица добиле отказ, а следуваат и кривични постапки“, рече Тошковски.

Слични содржини