Откриен дизајнот на Google Pixel 3 Lite

од Vlatko K
68 прегледи

Google работи на друг паметен телефон од палетата Pixel кој ќе биде од просечниот ценовен
сегмент. Уредот е со кодно име Sargo, но се очекува да биде претставен како Google Pixel 3 Lite.
Слика објавена на интернет открива како ќе изгледа смартфонот кој е поставен до стандардниот.

Google Pixel 3. Тука е моментот да се прецизира дека новиот модел е лево, а Pixel 3 во десниот дел
на сликата. Нивниот изглед е сосема идентичен, но главната разлика е во големината.

Екранот на Google Pixel 3 Lite е поиздолжен од оној на неговиот претходник и се очекува да е со
дијагонала од 5.56 инчи, што е минимално зголемување од 5.5-инчниот екран на Pixel 3.

Новиот уред исто така ќе поддржува сооднос од 18.5: 9, наместо 18: 9. Високите перформанси ќе се
обезбедат од Qualcomm Snapdragon 670 процесор кој е дополнет од 4GB RAM.

Вградениот капацитет за складирање на податоци ќе биде 32GB или 64GB. Батеријата е со моќност од 2915mAh,
како кај Google Pixel 3.

Се очекува на грбот да има 12-мегапикселна камера, како и 8МР сензор за селфи. Google Pixel 3 Lite
ќе работи под управување на Android Pie и ќе има 3.5. аудио џек.

Во моментов, ова се сите детали што ги имаме за претстојниот уред.

Многу е веројатно Pixel 3 Lite да се продава по поповолна цена
од сегашните два модели од серијата. Ние само треба да дознаеме дали продажбата ќе започне во
наредните недели или тоа ќе се случи во почетокот на 2019 година.