Откриен е идентитетот на лицата поврзани со атентатот на иранскиот научник Фахризадех

од Nikola Popovski

Иранските власти во средата соопштија дека го откриле идентитетот на лицата вклучени во атентатот на водечкиот експерт за нуклеарна физика во земјата, Мохсин Фахризадех.

„Иранското Министерство за разузнавање ги откри идентитетите на лицата поврзани со атентатот врз Фахризадех“, изјавил портпаролот на иранската влада Али Рабиеи, цитиран од Анадолија.

Тој за иранската државна телевизија изјавил дека се спроведува детална истрага за атентатот и дека Иран ќе преземе чекори во согласност со резултатите од таа истрага.

Иранскиот министер за разузнавање Махмуд Алеви пред три дена соопштил дека Иран собрал одредени информации за атентатот, но не откри детали.

Иранското Министерство за одбрана минатата недела соопшти дека Мохсен Факризадех, еден од водечките ирански експерти за нуклеарно истражување, е убиен во вооружен напад во теахерскиот кварт Абсерд.

Убиени петмина научници

Убиениот Фахризадех бил и шеф на Советот за истражување и иновации во иранското Министерство за одбрана, а најмалку тројца напаѓачи биле убиени при размена на оган со неговото обезбедување.

Иранските власти изјавија дека Израел стои најверојатно зад нападот и најавија одмазда.

Во изминатите десет години, убиени се пет врвни ирански научници кои работеле на нуклеарно истражување.

Покрај Фахризадех, во атентатот се убиени и Месуд Али-Мохамади, Маџид Шахријари, Дариуш Резаинеџад и Мостафа Ахмади-Рошан.

Слични содржини