Денеска почина Александар Гавриловски кој беше втор пациент кој се лекуваше во Литванија по пожарот во Кочани. Се работи за лице на 29-годишна возраст. Тој бил во критична состојба уште од почетокот.
-Неговата состојба се влоши од 4-ти април, а вчера бил ставен на хемодијализа. Почина во 11 часот. Би сакал да изразам сочувство до семејството на Александар. Имаме уште двајца критични пациенти, рече министерот.
Според последните информации, во странство се лекуваат 66 пациенти, а во македонските болници има 10. Засега нема други пациенти во потешка форма, освен двајцата критични кои се надвор од земјава.
Како што информира Таравари, Александар имал 35% изгореници на телото од трет степен, како и на дишните патишта.
Во петокот почина и Александар Карадаковски од Кочани, чиј погреб ќе се одржи утре на градските гробишта во градот.