
Идентитетот на девојката која го обвини Нејмар за силување е познат. Медиумите во Бразил соопштуваат дека се работи за моделот Нажила Триндаде.
Информациите за русокоса во оваа фаза се ретки. Бразилката, сепак, добива сè поголема популарност во социјалните мрежи, каде што веќе има илјадници следбеници.
Убавицата е дел и од музичкото видео на песната „Fogo Cruzado“.
Потсетуваме дека таа поднела тужба против Нејмар. Тие имале секс на 15 мај во хотел во Париз. Триндаде тврди дека ѕвездата на бразилската репрезентација при чинот почнал да користи сила. Убавицата, сепак, призна дека имале секс по взаемна согласност.
Нејмар ги негираше наводите дека ја силувал. Тој дури покажа и пораки и фотографии од социјалните мрежи, што јасно стави до знаење дека таа се согласила да влезе во контакт со фудбалерот.