Не престанува да се зборува за момчето на кое Новак Ѓоковиќ му подари рекет по финалето на Ролан Гарос, а „ЕСПН“ ја објави и првата изјава на деветгодишниот Матео.
Приказната за седумгодишниот Том првпат се појави во низата различни информации, но „ЕСПН“ потврди дека станува збор за момче од Мексико кое има девет години.
Овој медиум го објави идентитетот на ова момче во мексиканското издание, но и неговата изјава по завршената средба.
„Му говорев „Смири се, можеш да го направиш тоа“ и му викав во текот на целиот натпревар. Четири часа без престан“, изјавил Матео.
Тој објасни дека го гледал и полуфиналниот натпревар помеѓу Ѓоковиќ и Рафаел Надал.
„Го гледав финалето затоа што го победи Надал, „Кралот на земја“, а во финалето бев убеден дека Новак може и ќе успее дури и иако губеше по два сета“, додал Матео.
После финалето, Ѓоковиќ зборуваше за него.
„Не го познавав момчето. Го слушав скоро целиот натпревар, особено кога заостанував два сета. Ме охрабруваше и бодреше. Всушност, тој дури ми даде совети за тактика. Ми велеше: „Чувај го својот сервис, освој лесна прва топка, потоа удри силно и тргни ба неговиот бекхенд. Буквално ми даваше тренерски совет“, истакнал Ѓоковиќ.