Откриен идентитетот на силувачот на Деми Мур

од desk4
268 прегледи

Човекот кој наводно ја силувал Деми Мур кога имала 15 години, бил познат сопственик на клуб во Лос Анџелес.

Деми за ова пишуваше во нејзината книга со мемоари „Inside Out“ тврдејќи ека мајка ѝ Вирџинија Кинг, ја носела во барови за да ѝ помогне да им привлече внимание на мажите, а потоа една вечер кога се вратила дома Деми затекнала постар маж, кој ги имал клучевите од куќата.
„Како е да бидеш продадена за 500 долари?“- ја прашал тој.

Ѕвездата од филмот „Дух“ го идентивикуваше како Вал Думас, семеен пријател чие вистинско име било Бејзил Думас, грчки сопственик на популарен клуб во Лос Анџелес. Со оглед дека тој починал во 1997 година, во негово име прозборе Џорџ Германидес, негов бизнис партнер, кој кажа дека навистина соработувале и имал многу пари, сакал жени, но не знае дали е вистина тоа што го тврди актерката.
Во едно телевизиско интервју Деми изјави дека никогаш нема да може да ѝ прости на мајка си бидејќи таа му дозволила да ѝ се приближи, или како што рече „таа ме турна во неговите раце“.

Слични содржини