Откриен медицински феномен: Крвта на едно лице е полна со супер-антитела

од Nikola Popovski
330 прегледи

Во јули, менаџерот за комуникации од универзитетот Џорџ Мејсон во Ферфакс, Вирџинија, 54-годишниот Џон Холис сфатил дека припаѓа на ретка категорија луѓе чијашто крв може да им помогне на научниците да го разберат коронавирусот и евентуално да им помогне на луѓето кои ќе се разболат.

Тој бил многу изненаден кога дозна дека го победил Ковид-19, без да знае дека опасниот вирус воопшто влегол во неговото тело.

Крвта на Холис е полна со таканаречени супер-антитела кои го неутрализираат Ковид-19, дури и ако крвта е разредена 10 000 пати, изјави патологот од универзитетот Џорџ Мејсон, Ленс Лиота, пренесе NBC.

„Се чини дека Холис не може да го допре коронавирусот“, рече Лиота.

Тоа е медицински феномен што може да се најде кај помалку од пет проценти од популацијата кои биле во контакт со корона, покажа студијата, што ја прави крвта на Холис важен извор во потрагата по лек за оваа болест.

Слични содржини