543
Тајландски научници развиле метод за откривање на новиот коронавирус во човечка пот и го тестирале во пракса оваа недела, објави Ројтерс.
Примерокот се зема под пазувите. Анализата се прави на лице место. Процесот трае 15 минути.
Методот има точност од 95 проценти, споредлив со ПЦР тест, покажа првите тестови на 2.200 луѓе, рече Чадин Колисинг од Универзитетот Чулалонгхорн во Бангкок.
„Луѓето заразени со новиот коронавирус лачат одредени хемикалии. Ова откритие ни овозможи да регистрираме специфични мириси“, рече тој.
Велика Британија и САД, исто така, развиваат методи за откривање на новиот коронавирус во пот.