Откриен случај на перење пари во општина Петровец

од Берта Китинска
325 прегледи

Управата за финансиска полиција до ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против пет физички и три правни лица за злоупотреба на службената положба и перење пари во општина Петровец.

Директорот на Управата Арафат Муареми изјави дека градоначалникот, кој на таа функција е од 2009 година, почнувајќи од 2012 година до сега, овозможил плаќање на 24 фиктивни фактури на правниот субјект „Аце транс” – Скопје, во вредност од над 31,84 милиони денари за извршени јавни набавки, иако знаел дека работите не се извршени.

Против овие лица, како што рече Муареми, постојат основи на сомневање за злоупотреба на службената положба и должност, поттикнување злоупотреба на службената положба, злоупотреба на постапка за јавно приватно партнерство и за перење пари.

Слични содржини