Откриен трансфер списокот на Реал Мадрид за претстојното лето

од Vlatko K
140 прегледи

Менаџерот на актуелниот европски клубски шампион, Реал Мадрид изготви трансфер листа за
претстојново лето, објави „Марка“.


Нема специфични имиња, но се избира по позиција. „Кралскиот клуб“ ќе бара централен
дефанзивец, лев бек, двајца играчи од средниот ред и еден напаѓач.

Имиња на играчи за пристигнување на „Сантијаго Бернабеу“ има многу и се очекува да има барем
една „бомба“. Најверојатно халфот на Челзи, Еден Азар, кој не крие дека сонува да игра за Реал, ќе
биде едно од засилувањата. Килијан Мбапе, Хари Кејн, Кристијан Ериксен исто така се поврзуваат
со „белиот балет“. Новиот дефанзивец може да биде Дејвидсон Санчез.

Во Мадрид, исто така, планираат да наметнат некои од нивните сегашни млади фудбалери, меѓу кои
Виничиус, кој сезонава остави одличен впечаток. Трансфер целите ќе бидат конечно определени
откако ќе биде избран новиот тренер. Фаворит за овој пост е слободниот Жозе Мурињо.

Новите пополнувања би требало да ги заменат Рафаел Варан, Алваро Одриосола, Тони Кроос, Иско,
Марко Асенсио и Герет Бејл, кои имаат неизвесна иднина. Некои од нив можат да останат во Реал,
но постепено ќе ги губат своите позиции во стартните 11.