Откриена цифрата која Роберт Дауни Џуниор ја заработил од Iron Man

од Stefanija Kuzmanovska
200 прегледи

Иако е на сцената од 80-тите години на минатиот век, Роберт Дауни Џуниор стана еден од најплатените актери дури по првиот филм за Iron Man. Токму улогата на тој суперхерој на Марвел му донесе огромна светска популарност, а со тоа и заработка.

Кога ќе се соберат сите хонорари и други приходи што ги добил од играњето на Iron Man, се доаѓа до вртоглава цифра од дури 435 милиони долари. Некогаш проблематичниот актер, кој долго време се бореше со зависноста од дрога и алкохол, и кој поради тоа заврши 180 дена во затвор, доживеа ренесанса со улогата во Iron Man уште во 2008 година.

Иако првото продолжение му донесе само 2,5 милиони долари заработка, во следните години Дауни Џуниор многу заработи играјќи го Тони Старк.

Покрај тоа што го игра еден од омилените суперхерои, Дауни Џуниор доби и улоги во некои други холивудски блокбастери како Шерлок Холмс.

Слични содржини