Сопругата на Роберт Дауни Џуниор открила добро чувана тајна – нивниот брак успеал само поради OVA

од Vladimir Zorba
313 прегледи

Сузан и Роберт Дауни Џуниор имаат еден од најдолгите бракови во Холивуд, а причината поради која успеале да ги надминат сите предизвици речиси 19 години е едноставното правило кое тие го следат.

По емотивниот говор на ѕвездата од „Опенхајмер“ на Оскарите, каде што доби златна статуетка во категоријата за најдобра споредна машка улога, во која и се заблагодари на сопругата што „го вратила во живот“, Сузан ја откри тајната на нивниот успешен брак.

Сузан Дауни откри дека таа и нејзиниот сопруг рано донеле одлука дека никогаш нема да бидат разделени повеќе од 14 дена.

„Имаме правило од две недели, што често може да биде предолго. Никогаш не поминуваат повеќе од две недели да не се видиме и семејството da не е заедно. За среќа, сите претпочитаме да бидеме патувачки циркус кога и да можеме“, изјави Сузан.

Сопружниците ги имаат синот Екстон (12) и ќерката Аври (9), додека Роберт го има и синот Индио (30) од претходниот брак.

„Се држиме до двонеделното правило, но никогаш не се обидуваме да размислуваме предалеку, бидејќи толку многу е непредвидливо. Некој може да се разболи и слично. Значи, само треба да имате некои основи, а потоа треба да бидете подготвени да се ослободите од останатото“.

Како филмски продуцент, Сузан признава дека може да си дозволи да биде пофлексибилна со распоредот од нејзиниот сопруг актер.

„Добрата вест е што не сум пред камера, па како продуцент имам малку поголема флексибилност во однос на тоа каде треба да бидам. Навистина се восхитувам и имам многу емпатија за паровите кои и двајцата мораат да бидат пред камера, затоа што заглавуваш и мораш да ги донесеш тие одлуки“.

Слични содржини