Во Македонија се лекуваат 14 пациенти од вкупно 193 кои беа повредени во трагедијата во кочанската трагедија. Петмина ќе бидат испишани денеска. Надвор од државата ќе останат 69 пациенти од кои што тројца се уште се во критична и нестабилна состојба. Според министерот за здравство, Арбен Таравари, состојбата кај овие тројца е многу загрижувачка во моментов. Засега за нив нема подетални податоци како за сега покојниот Александар Карадаковски.
Во болницата во Литванија почина уште едно лице повредено од несреќата во Кочани. Починатиот е управител на дискотеката. Министерот за здравство информираше дека овој пациент е еден од четворицата кои беа во критична состојба.
-Карадаковски имаше 29 години. Испратен на 17-ти март во Литванија, рече меѓу другото Таравари.
Според директорот на старата Градска општа болница во Скопје, состојбата на Карадаковски се влошила уште истиот ден кога бил примен и веднаш бил поставен на апарати за вештачко дишење. Вкупната површина на изгореници кај него била околу 36% во пределот на главата, вратот и горните екстремитети.
-Заради делот од чадовите кои ги вдишал, доаѓа до оштетување на внатрешните дишни органи. Истото е потврдено и од Литванија. Пациентот скоро 24 часа по приемот кај нас, беше однесен во Литванија, рече директорот и уште еднаш прецизира дека директната причина за смртта е оштетувањето на дишните патишта од пламенот кој што го вдишал. Тој бил најтешкиот пациент за кого нашите надлежни здравствени служби имале информации.
Околу транспортот на неговото тело, министерот рече дека се е организирано и обдукцијата ќе биде направена во Скопје на Институтот за судска медицина.