Машините за играчки изгледаат толку ветувачки. Стави 50 центи во машината и треба да ја фатите играчката што сакате. Би требало да е лесно? Но се разбира дека не е. Сигурно веќе знаете дека има нешто затскриено зад овие машини.Дизајнирани се на тој начин, што секогаш добивката е на страна на сопственикот, пишува Smithsonian.

Сосема краток поглед врз упатството за употреба на машината ќе ви открие дека таа може да биде програмирана да фаќа со полна сила само од време на време. Всушност некои машини дури можат сами да пресметуваат колку често да фаќаат со полна сила, за да е сигурна добивката. Сопствениците, исто така можат да ги наместат параметрите така што наградата да паѓа откако веќе е фатена.
Smithsonian прави пресметка: ако цената за една играчка е 50 центи, а цената на играчката во машината е 6 евра и сопственикот донаправил условите за 50 проценти добивка, тогаш машината ќе работи чесно само околу 1 пат на 21 обиди. Но тоа не ги запира ентузијастите да пробуваат. Практиката на подесување на машини за играчки не е нова.
Овие машини се појавуваат за време на Големата депресија, но и тогаш биле не фер. Модерните машини овозможуваат повеќе маневрирање, но пак се сфртени кон постигнување на профит на сопствениците.
Значи следниот пат кога ќе сакате да си фатите слатко мече, имајте на ум дека шансите не се во ваша корист.