Додека градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, ги предупредува жителите да бидат подготвени да го напуштат градот доколку дојде до целосен прекин на струјата и водата, северозападно од Мариупол е откриена масовна гробница во која, како што велат украинските власти, се закопани илјадници луѓе.
Официјални лица во Центарот за информациска отпорност ги анализираа фотографиите за програмата Панорама на Би-Би-Си, заклучувајќи дека таму има 1.500 нови гробови од последната анализа на локацијата во јуни.
Украинските власти сега веруваат дека најмалку 25.000 луѓе загинале во борбите во Мариупол, а од 5.000 до 7.000 загинале под урнатините додека нивните домови биле бомбардирани.
Сведоци од Мариупол изјавија за Би-Би-Си дека виделе руски војници во последните месеци како вадат тела од урнатините на уништените згради и ги закопуваат.